-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Викендов во Пелагонија 21 лице возело без возачка дозвола, 20 под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(02/03/04.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.  На територија на СВР Битола санкционирани се 226 возачи, меѓу кои 124 мерки за возење повеќе од дозволената брзина ,31 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за управување без возачка дозвола …
А, ноќта меѓу 03/04.02.2024, во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.  При контролата санкционирани се 20 возачи од кои (9 во Битола,9 во Прилеп,2 во Ресен), а откриени биле и 10 останати прекршоци.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.  Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.„информираат од СВР Битола

Би можело да ве интересира

Застрелан прилепски ловџија при лов во мариовско

Елизабета Филипоска

Фатени крадци кои напрaвиле над 100 тешки кражби на подрачјето на Прилеп и Битола

Елизабета Филипоска

СВР Битола: Исконтролирани 394 возила и возачи, најмногу казни за брзо возење

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе