30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Фатен кај Вештачкото езеро како со запрежна кола и моторна пила сечел шума

Вчера,  4 февруари  во 13.00 часот кај  „Вештачко eзеро“ , полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.А.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при бесправна сеча на дрва и кај него биле пронајдени запрежна кола натоварена со огревно дрво и моторна пила. Притоа, тој ги попречувал полициските службеници при вршење на службените дејствија. Огревното дрво  било одземено и предадено на Шумска полиција, а Н.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Два случаи на насилство врз жени пријавени во полиција

Во Крушево се запали автобус кој превезувал работници

Малолетници предизвикале сообраќајна незгода, пријавени неколку физички напади и едно исчезнато лице

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе