9.2 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Им изгоре куќата на семејството Степаноски од Ресен

Деновиве од засега напознати причини, им изгоре куќата на семејството Степаноски од Ресен,  чии две малоленти деца останаа без покрив на главата. Граѓаните на Ресен,  дел од дијаспорта, пријатели и роднини се во обид да му помогнат на семејството, чии пламени јазици го “голтана“ нивниот дом за час .

Жиро сметката за донирање ја имаате подолу во текстот :

До нас се обратија Ресенчани, кои веруваат дека преку нашиот медиум, веста и помошта ќе допре до илијадници луѓе, добронамерници , кои ќе помогнат со свои  донации.  Во апелот се вели :

Деновиве во Ресен се случи немил настан кој што буквално го крена целиот град на нозе и го потресе целото население. Настана пожар и изгоре семејната куќа на нашите сограѓани – фамилија Степановски. Во договор со семејството, упатуваме апел до целото население да се вклучат во оваа акција со цел финансиски да помогнеме во овие тешки моменти на нашите пријатели. Ве замолуваме да ја споделите оваа информација со вашите пријатели и да помогнеме на ова семејство повторно да го изгради својот дом и да го продолжи нормалниот тек на живеење“ , се вели во апелот за помош кој веќе се споделува и  на социјалните мрежи.„

 

Би можело да ве интересира

За Прилеп загрижувачки дневен Ковид биланс

Гордана Цветаноска

ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Две втори места за учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе