26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Сеќавање на прилепската актерска легенда Благоја Спиркоски-Џумерко

На денешен ден 11 ти јуни 2015 година на 69 годишна возраст почина Благоја Спиркоски-Џумерко, великанот на театарската, телевизиската и филмската сцена, чиј лик и дело и денес живеат во сеќавањата на публиката. Роден на 6 февруари 1946 година во Прилеп, Џумерко речиси целиот свој работен век го помина на сцената на Народниот театар во Прилеп, каде што од 1966 година па сè до пензионирањето создаде десетици незаборавни улоги.

Неговиот лик вечно ќе остане врежан кај прилепчани кои го паметат како човек кој ја сакаше старата прилепска чаршија и го отсликуваше преку хуморот и мајтапот во секојдневието. Џумерко беше еден од најдобрите македонски театарски и филмски глумци кој зад себе остави незаборавно актерско творештво.

Прилепчани го паметат по неговиот мајтап, хумор и сатира со кои ја отсликуваше реалната слика во општвеното-политичко живеење. Тој беше синоним за актерска популарност и омиленост кај публиката, особено во Прилеп, пред се’ со неговата богата актерска индивидуалност во креирање на улогите, со харизматичност и чувство за комичните нијанси кои ги креираше во неговите ролји.  Тој важи и за вонсериски талент со специфични актерски одлики кои несомнено придонесоа за неговото високо реноме на што се должи и неговата ангажираност во сложени сценски задачи.

Џумерко беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање.  Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо, во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Освен на матичната сцена често, гостувал и на сцените во Битола, Куманово, Штип, Велес, Струмица…

Настапуваше во бројни телевизиски серии и филмови како „Итар Пејо“, „Македонски народни приказни“, „Бумбари“, „Погрешно време“, „Наше маало“, „Тврдокорни“, како и во филмските остварувања „Пред дождот“, Прашина, Сенки, Мајки, „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, „До балчак“ и многу други проекти кои оставија трага во македонската кинематографија.

Добитник е на голем број на награди и признанија:

Награда “Ристо Шишков”
Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во “Солунски патрдии”
Награда 3-ти ноември
2006 – Награда „Петре Прличко“
Носител на награда за животно дело “Војдан Чернодрински” 2011 година.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ЧЕ ТРЧАМЕ 2025 : Трка за сите генерации

ИН МЕМОРИЈАМ: Почина актерот Димче Мешковски

Пела Редакција

Во Крушево Трета светска конференција за религиски дијалог и соработка

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе