Екипата на Прилеп за вториот дел од сезоната ќе може да смета на ракометарот од Бразил, Ерик Андраде, кој игра на позицијата лев и среден бек. Во тимот на РК Прилеп ,како ново засилуваење е и Ангелче Органџиев ( Тиквеш). Покрај нив, прилепечани планираа да доведат уште десен бек, пивот и голман, но екипата засега е со стадардната постава, бидјеќи за пет дена РК Прилеп ја почнува битката за опстанок во Суперлигата, со дуелот дома против Скопје.
Прилеп ќе се бори во плеј-аут фазата и ќе се обиде да го сочува суперлигашкиот статус за наредната сезона. Прв ривал на Прилеп е Скопје, потоа следуваат дуелите со Голден Арт, Мулти Есенс, Аеродром, Куманово..
Натпреварот Прилеп – Скопје е закажан за в сабота, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.
За фазата плеј-аут, прилепскиот тим одигра три пријателски натпревари во подготвителниот дел. Првиот беше во Лесковац со Дубочица, кој го добија домашните со 31-24. Потоа беа одиграни два натпревари со кавадаречки Тиквеш. Првиот, во Кавадарци, Тиквеш го доби со 30-25, а на вториот, во Прилеп, кавадаречкиот тим повторно беше поуспешен со 26-33.