23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Важни три бода за РК Прилеп

Избраниците на Горан Кузманоски вечерва „нанижаа“ три важни бода за зацврстување на втората позиција и опсатнок во лигата во рамките на плеј аутот. На домашен терен ракометарките на Прилеп славеа со 31-28, (полувреме 17-12) против екипата на Работнички од Скопје и потврдија дека со добра одбрана и кавлитетна игра можат да бидат вистинско изненадување во лигата.

Домашниот состав целата работа ја заврши на поетокот од првото полувреме и имаше предност од пет гола на полувреме 17-12, а потоа резултатската предност само се одржуваше, со што прилепчани до крајот на натпреварот не дозволија изненадување. Работнички беше немоќен во овој дуел за да се избори за позитивен резултат и си замине со пораз од денешното гостување во Прилеп

Со оваа победа РК Прилеп, со трите бода, се зацврсти на втората позиција на табелата и е веднаш зад екипата на Тиквеш.

Би можело да ве интересира

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

Ракометарите стартуваат од денеска – Чантурија ќе го “крои” составот (ФОТО)

Никола Димески

РК Прилеп славеше победа над Радовиш

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе