11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пролонгирана замената на таблиците, возачките и сообраќајните дозволи – бесплатни

Се пролонгира замената на регистарските таблици, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи:

Соопштение

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија, дека согласно Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ на 12.02.2024 година, рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК“ и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК“ се продолжува најдоцна до 31 декември 2024 година.

Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, соопштуваат од МВР.

Замената на возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на македонските државјани во странство, кои немаат пасоши со „Северна“, а треба да се вратат во Македонија да ги променат, кажаа од Владата.

Во државите каде што нема амбасада или конзулат, издавањето на патните листови ќе биде онлајн и со достава преку пошта.

 

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (6)

Гордана Цветаноска

Во „Ѕуница“ ѕуни од насмевки и од љубов (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (16)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе