„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ е изложбата со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов што беше отворена денeска ( 20.02 2024 г.) во ликовната галерија од ЦК” Марко Цепенков” Прилеп, која содржи повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022. На изложбата беа претставени досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати.

Изложбата ја отвори кураторот Јасминка Намичева.
-Анастасов успева да извади од својата меморија луѓе кои биле дел од неговиот живот.Суштината на ифејата е дека животот е минлива работа и дека човекот секогаш е прилагодлив на ситуациите и дека тоа остава трага врз сите нас – рече Намичева.
Изложбата, ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со неформалната мрежа на музеи Музеум Линк.
Осумдесет и осумгодишниот Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност. Во 2009, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21. век.