3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мерката „гарантирана цена“ завршува, ќе има ли ценовен шок од 1 ви март?

Ознаките „гарантираната цена“ поставени на рафтовите покрај продуктите во маркетите ќе стојат  до петок 1 ви март, бидејќи владината мерка истекува на 29 февруари. Од Министерството за економија и Владата најавија дека мерката нема да се продолжи. Наводно се чека на усвојување на Законот за забрана на нефер трговски практики кој е во собраниска процедура откако беше усвоен од Владата уште во декември минатата година. Законот предвидува забрана на нефер трговски практики, ограничување на рабат со 10 отсто, казни од илјада до 20 илјади евра, како и рок за имплементација од најмногу шест месеци. Покрај тоа со Законот се предвидува ограничување на рабат со 10 отсто, казни од илјада до 20 илјади евра, како и рок за имплементација од најмногу шест месеци. Новата легислатива треба да ги помине собраниските филтри до крајот на неделава.

Прашањето важно за граѓаните е – дали по завршувањето на „гарантираната цена“, уште в четврток 29 ти февруари ќе има ценовен шок?

Мерката „гарантирана цена“ која ја воведе Владата во втората половина на септември минатата година како замена за замрзнување на цените опфаќаше дваесетина категории продукти како ориз, пченично брашно тип 400 и 500, бел и полубел леб и други пекарски производи, бисквити, тестенини, јунешко, свинско и пилешко месо, неколку сувомесни производи, млеко, кисело млеко и јогурт, кравјо и мешано сирење и кашкавал. Гарантирани цени подоцна се воведоа и на пивото, газирани сокови и негазирани сокови и минерална и обична вода.

Би можело да ве интересира

СТУДЕНТСКО ЛЕТО ПОВТОРНО ГИ СОБИРА НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ ПЕЈАЧИ ОД ЕКС ЈУ РЕГИОНОТ

Пела Редакција

Наставниците поделени, министерот смирува, родителите во дилема!

Гордана Цветаноска

28-ми ФЕВРУАРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РЕТКИ БОЛЕСТИ – ПОКАЖИ ЈА СВОЈАТА РЕТКОСТ, ПОКАЖИ ДЕКА СЕ ГРИЖИШ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе