3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Откупот заврши, што со претстојната реколта? (ВИДЕО)

Како, така, откупот заврши. Сите вклучени страни: производители, откупувачи и надлежни институции се сложуваат во едно: понеизвесна и понапната откупна сезона досега немало!!! Почна со нереални откупни цени во договорите (максимална цена за прва класа од 130 денари), кои во текот на преземањето на реколтата на два пати се корегираа во нагорна линија за да се достигне највисока цена  за прва класа од 165 денари за кгр. Државниот земјоделски инспекторат регистрирал откупени под 15 милиони кгр тутун, што е горната граница за исплата на 26 милиони евра субвенции да бидат распределени на тутунарите со зголемување на поддршката.

Дали ветувањето ќе се испочитува?

Тутунарите преку пролонгирање на почеток на откупот, со трпеливост, тивок бојкот успеаја да достигнат цена која ги покрива рентабилните трошоци на  производството. Сега ги очекуваат субвенциите со зголемени износи, но и што ќе биде се претстојните цени за новата реколта. Сојузот на земјоделските здруженија, официјалниот претставник на тутунопризводителите,  апелираат до  тутунарите да не склучуваат договори за новата реколта што законски како можност почнува од 1 март.

-Категорично на компаниите им испративме електронски соопштенија дека ги отфрламе нивните предлог-цени и не ги прифаќаме, зашто оваа година беа повисоки цените од овие сега што ни ги предлагаат за новата реколта. Затоа ги повикуваме сите тутунопроизводители да не склучуваат договори. Фирмите ни ја воспоставија практиката наесен да потпишуваат анекси на договорите, тогаш и ние, на есен ќе склучуваме договори, вели Менде Стомнароски од СЗЗ.

Ваквиот повик не е легитимен бидејќи е во спротивност со Законот за тутун, според кој што за производство на ориентален и крупнолистен тутун, земјоделците мора претходно да имаат склучено договори со откупувачите. Реално, преговарите се единствениот и вистински начин за надминување на прашањата околу достигнување на ренталбилни цени за новата реколта.

– Под просек од 450до 500 денари е неприфатливо за тутунопроизводителите. Да не зборуваме дека ние настојувавме за цена од 600 денари по килограм што е сосема оправдано за најквалитетниот тутун од прва класа, разбирливо за да се поттикне квалитетно производство и согласно правилникот за проценка на тутунот. Неадекватно е тутунот да се цени во една, највисока класа, бидејќи на таков начин се оштетени сите. Мора соодвентно да се почитува квалитетот и трудот вложен за производството,  вели Васко Јосифовски од Здружение „Тутунска надеж“.

Отворено е прашањето за цените за реколтата 2024/25, исплатата на субвенциите заради двата паралелни изборни процеси, кои што со сигурност ќе бидат пречка за донесување на очекуваните измени во Законот за тутун и тутунски производи за да се реши повеќе годишната дилема со утврдување на цените кои што треба да бидат содржани во договорите. За потсетување се уште две ветувања за тутунарите дадени од ресорниот министер Николовски: поддршка за субвенција по пријавена површина за тутунопроизводство во висина од 6.000 денари по хектар и „зелена нафта“ и за тутунопроизводителите кои беа досега изоставени од оваа мерка.

„Планираме зголемување на субвенциите за дополнителни 20 до 30 денари, по класи за предаден тутун, ставајќи го на располагање повторно истиот буџет од 26 милиони евра, постигнувајќи оваа година рекордни субвенции за тутун по класи. Достигнуваме рекордна субвенција на тутунот за прва класа , очекувам за прва класа субвенцијата за откупен килограм тутун да изнесува меѓу 100 и 110 денари зависно од пресметките кои ќе ги направиме на крајот од откупот на тутунот, кој што верувам дека после овие одлуки и ќе започне и бргу ќе заврши“ изјави Николовски на 27 декември, 2023.

Би можело да ве интересира

Кои се барањата за решавање на тутунските маки до Владата и пратениците?

Гордана Цветаноска

Една година од “Добро утро„ со Радио Пела! – На денeшен ден започнавме со емитување на програма

Елизабета Филипоска

Прилеп: Нема новозаболени од коронавирус, бројот на активни случаи останува 62

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе