5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Што е тоа жена? (What is a Woman?)

Ден на жената, 8 ми Март, излитено како фраза, со заборавен мотив и цел, но општо прифатено во македонскиот менталитет како општонародна женска забава, кога мажот и подарува слободен ден на жената да се дружи со останати жени и децениски повторуваната слика на тој ден: многу цвеќе, подароци завиткaни во пуфки (глупи – од тенеџериња и лонци до чанти и парфем), полни кафeани и меани со жени, а која  можеби некоја од нив, ова и е по втор пат во годинaта да има право да се дружи во кафeанска атмосфера со своите пријaтелки, оти „нема  време“ од  обврските по дома, да зготви, да ги измие тањирите, да испегла,  да го исчисти домот,  да ги спреми  децатa за в школо, да му помогне на сопругот да биде уреден и чисто облечен со врската која му е најдрага, да отиде на нива и да ја уреди бавчата во дворот,…  но, ете, полно жени во градот, убаво дотерени за 8-ми март, наизглед среќни и сите здоволни!

Во еден момент ќе помисли човек дека ова е среќно општество, особено општество без стереотипи врз жената и дека жените ја уживаат сета рамноправност во оваа заедница и економска – социјална независност.

  Не посакувам жената да има моќ над мажите, туку моќ врз себе!

Видете, да не бидам погрешно сфатена! Не сум експерт за родови и полови, но не мора да бидете против мажите за да бидете на страната на жените. Не посакувам жената да има моќ над мажите, туку моќ врз себе! Да биде жената, убава, емотивна, грижлива, создателка на нов живот,  да зрачи од среќа, да шири љубов и мудроста со својата креативност и знаење, оти за тоа е создадена …И, не сакам да ја усложнувам работата околу ова прашање „Што е Жена„?  оставам на ВАС ! Сакам само жената да може да каже „не“, на сите побарувања кои и’ се наметнуваат од сексистичка до кулинарска улога, да може да каже „не“ на моделите на доминации и моќ со која е опкружена дома, на работното место, „не “ на различните системи и форми на угнетување – како единствен начин на кој еднаквост може да стане можна…..

 Кој ден беше денес, и кое е значењето на вчерашниот ден?!

Но, оваа 8-мо мартовска пародија, кога се’ е така убава еден ден, а потоа,  како „заспаната убавица“ ќе се разбуди на 9-ти март и ќе почне: да му свари кафе на својот сопруг за пријатна работа, подготовка на доручек за дечките да заминат на школо, облечени, со уредно сложени книги од мајчината рака, па правосмукалката во едната и џогерот во другата рака, земање намирници за подготовка на ручек,  па, пеглата во рака за вешот да биде уреден и испеглан, вршење на работните обврски за дополнување  на семејниот буџет  итн, …остава простор  за прашањето „кој ден беше денес, и кое е значењето на вчерашниот ден?!

Жена не се раѓа жена, туку станува жена !

Драги мои, како што мажот не се раѓа маж,  така и жена не се раѓа жена, туку станува жена, од која како непишано правило во општествените нормативи се бара послушност, подреденост (инфериорност), потчинетост, внимателност во однесувањетоо и облекувањето, … !А, како потсетување битката на жената е искалена во универзалната декларација за човековите права, усвоена во 1948 година, која се залага за „еднакви права за мажите и жените“ и врши осврт на еднаквоста и праведноста. Не, ништо повеќе од тоа!

Среќен 8 ми Март!

Пишува: Елизабета Филипоска

 

Би можело да ве интересира

Статутот на Советот на Општина Прилеп ќе претрпи измени

Пела Редакција

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски со самостојна изложба во Тирана

Пела Редакција

Прекини во напојувањето со електрична енергија на повеќе улици во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе