23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ учествуваше во Erasmus+ проект „Next level of education“

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп ова лето, во период од 3 седмици, учествуваше во Erasmus+ проектот „Next level of education“, односно „Напредно ниво на образование“, во градот Барселос, Португалија. Група од 16 ученици од секторот Графичарство и секторот Сообраќај, транспорт и складирање, придружувани од 2 професори, во периодот од 30 јуни до 20 јули имаа можност да ги усовршат своите вештини, работејќи и стекнувајќи пракса во реални компании и центри за обука во Португалија.

Истовремено учениците ги подобрија и своите комуникациски вештини на англиски јазик и имаа можност да ги посетат позначајните места во Португалија за да се запознаат со тамошната традиција и култура. Проектот беше поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија, преку Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Запленети 35 кг марихуана кај прилепчанец, кој повторно заврши во затвор

Пела Редакција

Седница на Совет на Општина Прилеп: Донациите прифатени, предадена опремата на институциите- дебатата настана по прашања повразни со работењето на некои од јавните институции

Пела Редакција

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе