12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

И со истечена важност на личните документи ќе може да се гласа

Граѓаните чии лични карти и патни исправи се со истечена важност во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите ќе може да го остварат своето уставно загарантирано право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори. Ова произлегува од преодните измени на Изборниот законик (ИЗ) кои денеска по скратена постапка беа усвоени од мнозинство од вкупниот број на пратениците во Собранието.

Со усвоените предлог-измени на Изборниот законик, дополнително се овозможува граѓаните кои наполниле 18 години заклучно со денот на изборите, односно помеѓу двата изборни круга, да може да гласаат приложувајќи документ за лична идентификација (пасош или лична карта).

Би можело да ве интересира

Нови можности за угостителите во Крушево по посетата на тур оператори и новинари од Хрватска

Гордана Цветаноска

В петок, на 23 ти, започнува собирањето потписи за кандидати за претседател и за пратеници

Пела Редакција

Општина Прилеп: инвестирани над 50 милиони денари во сите основни и средни училишта за 2 години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе