4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Златески: Владата на СДС и ДУИ е се’,освен земјоделска влада!!!

Прес конференција денеска одржа Никола Златески од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп по повод посетата на Ковачевски на Прилеп и средбата со тутунарите и земјоделците. Ја пренесуваме во целост:

„Без трошка срам, вчера самопрогласениот некогашен премиер Димитар Ковачевски одржа средба со тутунопроизводителите, на која било истакнато дека СДС го вреднувале трудот на земјоделците и тутунопроизводителите. Каква иронија и апсурд.

Наместо да се фалат за некаква си рекордно највисока откупна цена од 365 денари по килограм тутун, дали ги прашаа тутунарите колку чини производството на килограм тутун? Дали ги прашаа тутунарите, колку изнесуваат репроматеријалите за производство во време кога поради неспособноста на владата да се справи со рекордно високата инфлацијата производството на тутун достигна цена од речиси 300 денари по килограм, а тутунарите беа оставени на милост и немилост?

Колку за споредба, во време на ВМРО-ДПМНЕ годишно се произведуваше и по 34 милиони килограм тутун, за оваа година годишното произодство да е речиси 3 пати помало, односно 13 милиони килограм тутун. Најдобро за катастрофалните политики и негрижата на СДС за тутунарите говори токму овој податок. Досега најниско и најмизерно ниво на производство како директен резултат на неспособноста на СДС и Ковачевски.

Ако порано килограм тутун вредеше колку килограм биено сирење, овој пат, сирењето вреди речиси двојно повеќе. За жал, не се уништува само тутунопроизводсвтото, кое е бренд по кој е препознатлив нашиот град, туку свесно се уништува и Тутунскиот комбинат преку непотребни вработувања на партиски послушници, што ќе произведе далекусежни последици. Почитувани, владата на СДС и ДУИ е се’ освен земјоделска влада, како што вчера се декларирале самите. Нивниот интерес се криминалот, корупцијата, масовниот грабеж врз грбот и маката на граѓаните. Никогаш не било полошо. Народот бара промени. После поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна Влада која што сериозно ќе работи на враќање на достоинството на сите земјоделци во Република Македонија,“ рече Златески од ОК на ВМРО ДМПНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(Видео и фото) Кога пензионерите спортуваат, Крушево им ги нуди своите терени

Елизабета Филипоска

Пет регистрирани пожари вчера во Општина Прилеп

Пела Редакција

Претставници од Светска Банка во евалуација на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе