25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Најавен протест пред Општината и патна блокада на надвозникот Прилеп – Витолиште

Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово најавува голем мирен протест и патна блокада за петок, 15ти март. Блокадата на надвозникот на патот Прилеп – Витолиште, кај Ново Лагово е најавена да трае од 8 до 10 часот, а мирниот протест ќе се одржи пред зградата на општина Прилеп од 10 до 12 часот истиот ден.

Како што се наведува во соопштението причина за протестот е потценувачкиот и понижувачки однос на институциите и крајното запоставување на развојот на областа Мариово, како и беспримерната експлоатација на природните ресурси со крајно запоставена патна мрежа и запоставување на воодоснабдувањето и неорганизираниот пристап кон овој проблем, запоставување на проблемите на сточарите, земјоделците, пчеларите и другите индивидуалци и стопански субјекти, запоставување на здравството и несодветни решенија со нецелисходно трошење буџетски средства.

Ова е трет протест кој се организира од Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово, а втора блокада со цел да се предизвика поголемо внимание кај институциите и јавноста за решавање на проблемите со кои се соочени жителите на Мариово, како и луѓето кои потекнуваат од овој регион.

Би можело да ве интересира

СЕ СОЗДАВА НОВО МЕСТО ЗА ДЕТСКА ИГРА И ЗАБАВА

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Сребро за Петар Мирчевски на Олимпијадата по хемија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе