13.9 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Повторно опожарено возило во Прилеп

По полноќ, денеска ,11.03.2023 околу 00.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во двор од куќа на ул.„Борка Стеваноски“ во Прилеп, сопственост Б.В.(40) од Прилеп, било опожарено неговото патничко возило „опел инсигниа“ со прилепски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информиат од СВР Битола.

Ова е втор случај на опожарено возило во Прилеп оваа година. Предходно, кон крајот на февруари, во гаража беше опожарено патничкото возило  на прилепска јавна обвинителка.

Би можело да ве интересира

Едно лице е со тешки телесни повредени од синоќешната незгода во центарот на Прилеп при судир на автомобил и кола за сечење дрва

Елизабета Филипоска

Мариовско – целосно изгорено теренско возило

Гордана Цветаноска

Полицијата привела малолетници, ги промениле скретниците за движење на возовите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе