7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп од петок до недела ќе живее со карневалот „Прочка 2024„

Општина Прилеп и Здружението на граѓани „ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ“, како организатори на годинешното 22 издание на Kарневалот „ПРОЧКА 2024“, се подготовуваат за одржувањето на оваа значајна манифестација, која во изминатите години постигна голем успех во поглед на промоција на градот Прилеп во пошироки рамки.
Активностите ќе започнат на 15.03. со отворање на изложба, богатство од креации на маски/сурати, изработени од учениците во основните и средните училишта, под менторство на нивните наставници по ликовно образование и оделенска настава, кои се партнери во целокупната организација. Ова се нашите најмлади учесници, кои во иднина ќе ја продолжат традицијата на чување и презентирање на културното
наследство, а годинава за прв пат своја креативна работилница имаат и градинките, кои го најавија своето учество. Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура Марко Цепенков, каде ќе бидат прогласени и најдобрите избрани маски, а стручна жири комисија ќе го спроведе изборот.
Во сабота на 16.03. на Платото кај Градскиот Саат предвидена е презентација на народниот обичај АМКАЊЕ од страна на Здружението Преродба. Истата ќе биде изведена во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио како етно состав Пиреј.
Централен настан е дефилето на маски во недела, на кое ќе се претстават групни и поединечни маски од Прилеп и од други градови од Македонија, а стартот е од пред НУЦК Марко Цепенков. Трасата ќе се движи се до плоштадот Методија Андонов Ченто, каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика. Очекувани се  околу 500 учесници во повеќе групни маски, а гости ќе има од Кавадарци, Пробиштип, Куратица, Мокриево, Берово, Сопот, Струмица и други. Покрај дефилето ќе има куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции, кои се карактеристични за овај празник. Почетокот на дефилето е во 12.00 часот, а претходно во 11.00 часот на Камената Бина ќе започне забава со Роби реј Робот, единствениот Дј во Македонија препознатлив по неговите уникатни костуми за сценско шоу.
Инаку, пријавувањето за учество на карневалот е сеуште отворено на страницата на карневалот: www.karnevalprilep.mk, или фан страницата на социјалната мрежа Facebook, каде има пријава која може да се испрати по електронски пат или пак непосредно пред карневалот на централната бина на плоштадот.
За најубавите маски ќе има и награди, а за истите ќе одлучува стручна жири комисија.
Исто така, Карневалот „Прочка“, како еден од најзначајните културни манифестации во пелагонискиот регион ќе биде извонредна можност за фотографите да ги збогатат своите портфолија. Имено Фото Кино Клубот од Прилеп ги повикува на дружење сите професионални фотографи и фото-аматери од земјата и странство да се пријават и да земат учество, додека после завршувањето на карневалот, ФКК – Прилеп, во соработка со Општина Прилеп и Национална фото унија на Македонија, ќе објави меѓународен конкурс за уметничка фотографија. На овој конкурс ќе се примаат исклучиво фотографии креирани на овогодинешниот карневал. За најдобрите и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели соодветни парични награди. Проектот ќе биде заокружен со изложба на фотографии која ќе се одржи на 17 мај 2024 год.
Одлуката за продолжување на работното време на сите кафетерии и ресторани, донесена од Советот на Општина Прилеп е со важност, така да забавата во вечерните часови ќе може да потрае на задоволство на младите генерации. Сите кафетерии, ресторани, пицерии имаат своја предвидена програма, со настапи на ДЏеи и бендови во живо, како за денска така и за вечерна забава.
Карневалските случувања се завршуваат во понеделник со традиционален заеднички ручек на здружението Прилепски Мечкари во Манастир Св. Ѓоргија.
Предвидени награди:
Изложба:
девет награди во три категории, една Гран При награда и една Специјална награда.
1,2 и 3 место во категорија до 6 одд
1, 2 и 3 место во категорија до 9 одд
1, 2 и 3 место во категорија на средни училишта
Дефиле:
1, 2 и 3 место и една Гран При награда
Наградите се во форма на ваучер за патување/претставување на други манифестаци
  • професионални фотографи и фото-аматери од земјата и странство да се пријават и да
    земат учество, додека после завршувањето на карневалот, ФКК – Прилеп, во соработка
    со Општина Прилеп и Национална фото унија на Македонија, ќе објави меѓународен
    конкурс за уметничка фотографија. На овој конкурс ќе се примаат исклучиво
    фотографии креирани на овогодинешниот карневал.
    За најдобрите и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели соодветни
    парични награди.
    Проектот ќе биде заокружен со изложба на фотографии која ќе се одржи на 17 мај
    2024 год.
    Одлуката за продолжување на работното време на сите кафетерии и ресторани,
    донесена од Советот на Општина Прилеп е со важност, така да забавата во вечерните
    часови ќе може да потрае на задоволство на младите генерации. Сите кафетерии,
    ресторани, пицерии имаат своја предвидена програма, со настапи на ДЏеи и бендови
    во живо, како за денска така и за вечерна забава.
    Се надеваме на уште еден успешно организиран карневал во рамките на
    предвидениот буџет за оваа година.
    Карневалските случувања се завршуваат во понеделник со традиционален заеднички
    ручек на здружението Прилепски Мечкари во Манастир Св. Ѓоргија.
    Предвидени награди:
    Изложба:
    девет награди во три категории, една Гран При награда и една Специјална награда.
    1,2 и 3 место во категорија до 6 одд
    1, 2 и 3 место во категорија до 9 одд
    1, 2 и 3 место во категорија на средни училишта
    Дефиле:
    1, 2 и 3 место и една Гран При награда
    Наградите се во форма на ваучер за патување/претставување на други манифестаци

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најстариот станар во прилепскиот дом 93 годишниот Крсто вели: „Најдобар рецепт за долговечност е “да не се зема се’ на срце„

Елизабета Филипоска

Во предвечерието на храмот Св.Благовештание – Се’ е подготвено за утрешниот голем христијански празник Благовештение

Елизабета Филипоска

Хуманитара акција на децата од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе