8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Чиста животна средина , подобра иднина за сите – одбележан денот на пролетта во ООУ Кире Гаврилоски-Јане (ВИДЕО + ФОТО)

Кога секој од нас барем еднаш годишно би засадил по едно дрвце , тогаш сигурно тоа ќе придонесе за почиста , поздрава средина , почист воздух и зелена природа која ќе значи здравје и живот за сите нас .Со една ваква позитивна мисла се водеа денеска сите во ООУ Кире Гаврилоски Јане , каде со низа активности се одбележа 21 март , денот на пролетта и денот на екологијата.Се организираше  хуманитарен турнир во мал фудбал од страна на учениците од деветто одделение каде учество зедоа 16 екипи од сите основни училишта од Прилеп.

Во исто време се организираше и хуманитарен турнир од Црвен Крст во одбојка , на кој учествуваа 12 екипи со учесници од 14 до 19 години.

Во училишниот двор на училиштето се засадија садници цвеќиња во училишниот двор од страна на ученици и наставници од СОУ “Орде Чопела”, како и од страна на претставници од Slow Food – Прилеп.Работна акција се организираше и од страна на учениците и наставниците во која темелно беа исчистени училниците , кабинетите и училишниот двор.

Целта на оваа акција е подигнување на свесноста, знаењето и ставот кон животната средина , но и да се зголеми капацитетот на учениците за соработка и учество во заеднички активности , велат од ООУ Кире Гаврилоски – Јане.

Би можело да ве интересира

Алармантно: Гори мариовскиoт крај – итно заседава кризниот штаб

Пела Редакција

Јовчески: Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година е развоен и одржлив

Пела Редакција

(Видео) Се’ заврши во пепел на вториот кат од опожарената фабрика „Тила„,

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе