11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Максим Димитриевски ја промовираше претседателската програма од Крушево

Со програма насловена како „Манифест за Македонија“ и под слоганот  „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат Максим Димитриевски кампањата на претседателски избори ја почна денеска од Крушево. Димитриевски истакна дека има пет приоритети и активности во првите двесте дена од преземањето на функцијата Претседател на Македонија и посочи дека со личен пример ќе мотивира, поттикнува  и придонесува секој граѓанин да го даде својот максимум. Во првите двесте дена од преземањето на функцијата Претседател на Македонија програмата на Димитриевски предвидува 5 приоритети:

„Приоритет број 1: Во првите 100 дена, во интерес на побрза европска интеграција, ќе инсистираме на формирање специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.
Приоритет број 2: Во првите 100 дена ќе инсистираме на формирање специјален правен тим кој ќе се посвети на основните европски модалитети за спроведување на меѓународното право преку имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кои се однесуваат на неправедните одлуки на властите во Република Бугарија кон македонските организации, а кои се од суштинска важност за одржување добрососедски односи.
Приоритет број 3: Во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија.
Приоритет број 4: Отворање на дијалог за евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор за кој сметам дека е 100 посто реализиран.
Приоритет број 5: Во првите 100 дена ќе предложиме Национална Стратегија за борба против корупцијата. Во таа насока изразувам подготвеност да дискутираме за правните модалитети за промена на Уставот во насока да се спречи апсолутната застареност на кривични дела сторени од избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт.Сметам дека е неопходно, заради обезбедување на правна сигурност, еднаквост пред законите и неселективна правда, во следниот парламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за избор на Јавен обвинител на Република Македонија. Наместо на предлог на Владата, истиот да се избира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од 6 години, рече Димитриевски.”

Кандидатот за претседател од „Знам“, Максим Димитриевски при презентацијата на својата програма во Крушево рече дека е против симнување на 20 отсто што се однесуваат на албанскиот јазик во Уставот и дека е против идејата да се смени начинот на избор на претседател, а тоа е претседателот да се избира во Собранието.

Би можело да ве интересира

Проданоски: Во 2024 та да покажеме вистинска љубов кон татковината!!!

Пела Редакција

Прилеп во соработка со ЕБРР ќе бара проекти за функционални сообраќајни решенија за градот и градскиот превоз

Елизабета Филипоска

Сашо Башески еден од победниците на регионалното шоуто „Никогаш не е доцна“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе