3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Посетата на Тренчевска го потврдува поразот во социјалната политика на СДСМ

Прес конференција по повод вчерашната посета на Прилеп на Јована Тренчевска, дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, денеска одржа Стефани Стојаноска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.  Ја објавуваме во целост:

„Вчера во Прилеп дојде и поранешната министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Нејзината посета имаше за цел да ги пофали проектите на Владата на СДС во сферата на политиката на креирање на работни места, како и социјалната политика и политиката на заштита на децата, но и да вети дека „животот што го овозможија за сите“, дополнително ќе го подобрат во наредните години. Каков пораз и признание дека СДС во минатиот мандат ништо не сработиле во оваа област. На владата предводена од СДС и ДУИ треба да и се признае дека создаде бесперспективност, невработени и сиромашни граѓани, несреќни и револтирани пензионери, со пензии на ниво на социјална помош. Наместо заштита на социјално ранливите граѓани, тие дополнително го урнисаа и онака нискиот животен стандард на граѓаните, и наместо вработување и перспективност во Македонија, ги принудија граѓаните својата среќа да ја бараат во странство. Животниот стандард никогаш не бил полош. Најдобро за тоа сведочат секојдневните протести на различна категорија на граѓани. Масовното иселување е како никогаш претходно. Единствено задоволни се само оние на кои СДС им овозможила некое работно место или некој тендер, а тие не се многу. Наместо СДС да ги продолжи економските политики на ВМРО-ДПМНЕ за нови инвестиции и нови работни места, создадоа хаос и безредие. Владата на СДС е директно одговорна за највисоката стапка на инфлација што Република Македонија ја имала во последните 30 години. Граѓаните со превисоките цени на основните продукти и сите зголемени давачки кои поради погрешните политики неконтролирано растат, едвај врзуваа крај со крај. Таа е суровата реалност. Вашите лаги повеќе не поминуваат кај граѓаните. Почитувана заменик-министер Тренчевска, се ближи денот кога одговорот на граѓаните ќе биди силен, одлучен и едногласен, а тој одговор на вас и на вашите челници нема да им се допадне. Народот овој пат ќе си ја врати државата во свои раце. Maкедонија повторно ќе биде горда,“ посочи Стојаноска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Најзагрижувачка е стапката на иселување (Македонија 2035 ќе има 1.530.000 жители)

Пела Редакција

Со точак до Небрегово- до спомен куќата на Конески

Елизабета Филипоска

Се враќаат препораките за носење на маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе