20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Денеска, од 16 до 23 ч., тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат. Oд утре подигнувањето готовина од банки, по азбучен ред

Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат под контролиран режим и списоци од Министерството за внатрешни работи.

Максималниот износ на средства којшто ќе може да се подигне преку банкомат во текот на 24 часа, е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од дебитната картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги користи корисникот којшто ги подига средствата. За да се подигне готовина од добиените субвенции, потребно е дебитната картичка да е поврзана со конкретната сметка на којашто е извршена уплатата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, апелира, заради заштита на здравјето,  при посета на банкомат, тутунопроизводителите да се придржуваат до препораките за самозаштита, односно да почитуваат соодветна раздалеченост од другите лица коишто чекаат во редот и да се користат ракавици при употреба на банкоматот.

Оние тутунопроизводители кои имаат потреба од подигнување готовина или од други причини не можат тоа да го сторат на банкомат и треба да ги подигнат субвенциите од  шалтерите на банките, тоа ќе можете да го сторат во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето на тутунопроизводителот и тоа според следниот распоред:

  • 21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д;
  • 22 април (среда) презимиња кои започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;
  • 23 април (четврток) презимиња кои започнуваат  на Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
  • 24 април (петок) презимиња кои започнуваат на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

И при одењето во банка, потсетуваме, заради заштита на јавното здравје, да се  почитува утврдениот распоред и препораките за држање на растојание додека се чека ред. Истовремено ве известуваме дека во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од тутунопроизводителите, со продолжено работно време od 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на:

 

  • НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;
  • Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица.

Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното работно време во овој период.

Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за тутунопроизводителите,  движењето ќе биде овозможено до 18 часот.

Субвенциите за тутунот се  веќе се на банкарските сметки на корисниците. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, исплати над 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители за субвенции за тутунот од реколтата 2019.

Би можело да ве интересира

Наумоски, капитенот на Победа замина за Пелистер

Пела Редакција

Над 50 учесници од Македонија, Србија и Косово на едриличарскиот камп на прилепскиот аеродром

Гордана Цветаноска

Во Крушево ќе спортуваат пензионерите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе