11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска е храмова слава на Стара Црква се празнува Св.Благовештение, празник на Пресвета Богородица

Со Света Архиерејска литургија, со која чиноначалствуваа митрополит Преспанско Пелагониски , г. Петар,  (која ја одржа и Архиерејска Вечерна богослужба) вo црковниот храм Св. Благовештение, денеска се чествува храмовата слава Св Благовештание.  Утровo, река луѓе се упатија кон најстариот црковен храм во Прилеп, познат меѓу прилепчани како Стара црква, за  да присуствуваат на Светата литургија во чест на празникот познат како Благовец, во чест на Мајката Богородица  која на овој ден ја прмила Благата вест дека во својата утроба го носи Богомладенецот,  да се помолат за здравеје и среќа за своите семејства, во духот на верата, да оддадат почит на празникот, како што тоа го прават со векови наназд.  

Легендата на овој ден вели дека кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во книгата на пророк Исаија прочитала дека “ Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името Емануел“, возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот. Во тој момент до неа долетал ангелот Гаврил кој и соопштил дека таа е девојката одредена од Бога што ќе го роди Спасителот. “Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. А кога Света Дева Марија помислила: “Каков ќе биде овој поздрав?“, ангелот и рекол: “ Не бој се Марија зошто си нашла милост пред Бога, и ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус, Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над домот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај“. На тоа Марија зачудено прашала: “Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“, на што ангелот и одговорил: “Светиот дух ќе слегне над тебе и силата на Севишниот ќе те осени, па затоа и роденото ќе биде Свето и ќе се нарече Син Божји“.

Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик.

Поради тоа, Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли, па на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Се верува дека ако наутро гладен како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици ќе те разбие и не ќе имаш напредок во годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб.

Според верувањата Благовец е благ ден не само за луѓето туку и за птиците и за ѕверовите. Многу животни што ја преспале зимата на Благовец ќе се разбудат и ќе се размрдаат, ќе излезат надвор од пештерите, дупките и другите живеалишта за да го видат благиот ден и му се порадуваат. Во повеќе краишта и излегувањето на змиите се поврзува со Благовец. Марко Цепенков оставил прекрасен запис за излегувањето на змиите и други верувања поврзани со нив. “Во истиот ден Благовец, штотуку ќе болсни сонцето и до што има змија во земјата сите ќе излезат да видат бел ден и благ ден. Не било возможно на ден Благоец да касни змија чоек, али имање. Гази и тепај и кошкај со нозе, ваќај и со раце, што сакаш прај му, не било чаре да те каснат, чунки биле блази како денот што је благ “.

Иако најчесто паѓа во тешките Велигденски пости на Благовец се јаде риба. Дури и тоа се смета за потребно. Затоа и сиромасите се труделе да купат риба. Именден слават оние кои се викаат Блаже,Благоја, Блажо, Блага, Благица…

Би можело да ве интересира

Марина:“Сакам со силата на моите раце еден ден да го кренам мојот син!“

Елизабета Филипоска

Во црквата „Вознесение Христово“ во с.Тополчани заживува духовниот живот

Елизабета Филипоска

(АУДИО) „Prilep Special Show” -настан кој што не смеете да го пропуштите!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе