0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Максим Димитриевски од ЗНАМ: ПОМАЛКУ ПРАТЕНИЦИ, ДА НЕМА АПАНАЖА, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДА ГО ПРЕДЛАГА ОПОЗИЦИЈАТА

Претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ  за наша Македонија, Максим Димитриевски, вечерва како гости на една од националните ТВ  нагласи дека на Македонија и треба претседател пред  со интегритет, со став, со карактер и со принципи, со кои ќе ги штити националните, државните интереси и пред се граѓаните. Димитриевски нагласи дека оваа држава во своето минато ретко кога можела да забележи дека еден претседател се одважил и  кажал „не“ на политичкиот субјект што го предложил или на политичкото мнозинство. Претседателот треба да биде олицетворение на секој граѓанин.
„ЗНАМ ќе биде еден од главните фактори на следната политичка сцена, која  овие ставови што јас ќе ги застапувам апсолутно нема да ги промени во
ниту еден момент“, потенцира тој.

На прашањето дали е за укинување на патните трошоци за пратенциите и апанажата на функционерите, Димитриевски одговори дека дефинитивно е за укинување на апанажата, е за исплата на реални патни трошоци, а не,како што  рече, на „фингирани патни трошоци“

– Што се однесува до бројот на пратениците не само што сметам дека треба да се намали бројот на пратениците во Парламентот, туку дополнително да се изедначи гласот во Македонија на секој граѓанин, бидејќи со овој модел не е така. И Македонија треба да стане една изборна единица, да се укинат одредени министерства коишто трошат многу пари особено на продуктивни трошоци на крајот на годината, а тоа прочитајте го значи исто, трансферирање или перење пари – истакна претседателскиот кандидат на ЗНАМ.

Меѓу другото, Димитриевски во разговорот посочи дека јавниот обвинител треба да го предлага опозицијата и да се бира со двотретинско мнозинство и да биде независен во својата работа, но дополнително, како што рече тој „и, да се сузбие стратешки корупцијата со формирање специјално тело преку стратегија што ќе ги детектира суштинските коруптивни точки во државата од каде тоа идат парите.“

Утре, сабота,13ти април, претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриски е во Прилеп.  Тој  во 19,оо ќе одржи  средба со граѓаните на платотот пред Градскиот Саат, каде ќе ја презенитра својата програма за престојните претседателски избори , насловена „Манифест за Македонија“

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Дали намерно се кради и намалува имотот на Еурокомпозит?!

Елизабета Филипоска

Николоски: 34 милиони евра планираме за Прилеп

Пела Редакција

Политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе