Цане Србиноски (61) од село Дреновци, Општина Долнени, пред четири дена доживеа и преживеа напад од мечка од која, како што вели во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, успеал да се одбрани. Мечката го напднала на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка во неделата. По два Србиноски бил пронајден од неговите блиски од семејството , на местото каде што ги чувал кравите и каде што престојувал во инпроцизиран објект – колиба и бил пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, бил пуштен на домашно лекување.