11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Николоски: во рок од 4 г. ќе ги решиме сите инфраструктурни прашања во општина Прилеп

Во рамки на теренските активности во општина Прилеп, Александар Николоски потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, денеска одржа средба со жителите на село Канатларци, а попладнево и во центарот на градот придружуван од Цветан Трипуновски. Николски во изјава за медиумите упати покана за народниот митинг кој што ќе се одржи в  понеделник во Прилеп од 20 и 30 часот.

Наредниов период за Прилеп, Николоски посочи дека ќе следи решавање на повеќе инфраструктурни прашања:

„ Во следниов период ние планираме да работиме доста за Прилеп. Согласно нашата идеја за децентрализација на финансиските средства, општина Прилеп во еден инвестициски циклус од 4 години директно од државата ќе добива најмалку по 8 милиони евра што е најмалку 38 милиони евра само за општина Прилеп. Што значи во рок од 4 години треба да ги решиме сите инфраструктурни прашања во општината.

Дополнително на ова се залагаме уште за неколку клучни проекти за Прилеп и за пелагонискиот регион. Прво е конечно завршување на експресниот пат од Градско до Прилеп, тоа е пат кој што 7 години СДСМ и ДУИ не можат да го завршат и е пат – симбол за неспособноста. Ветуваме дека во рок од најмногу 2 години комплетно ќе биде завршен експресниот пат во трите делници кои што одат од Градско до Прилеп. Во моментов се градат првите 2 со многу спора динамика, а третата уште не е почната. Ние ветуваме дека во рок од најмногу 2 години ќе има експресен пат од Градско до Прилеп. Како што ветуваме исто така дека во рок од 4 до 5 години ќе се изгради автопат од Прилеп до Битола и до границата со Грција и исто така ветуваме дека ќе изградиме обиколница на градот Прилеп со која што ќе се растерети товарниот сообраќај во Прилеп,“ рече Николоски.

Во врска со барањата за повисоки пензии рече дека се планира зголемување на пензиите, само во првата година од најмалку 5 илјади денари. Николски  најави сериозно работа и во здравството, особено во прилепската болница за која рече дека ќе добие нов систем на организација и борба со корупцијата, со цел прилепчани и сите оние кои што гравитираат кон прилепската болница да добијат соодветна здравствена заштита.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Деркоски стана сопственик на еден од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција

Пела Редакција

Соопштение за јавност на ОО СДСМ – Прилеп, реакција на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Прилеп

Пела Редакција

Спас за ТВ Канал Визија – локалното новинарство во колапс!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе