1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Изнемоштените и болните до полноќ да се пријават ако сакаат да гласаат за претседателските избори

Вечерва на полноќ завршува рокот во кој изнемоштените и болните можат да се пријават во Државната изборна комисија (ДИК) ако сакаат да го остварат правото на глас на претстојнитепретседателски избори. „Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести Општинската изборна комисија (ОИК) најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, до полноќ се посочува во роковникот на Државната изборна комисија.

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

„Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник)“, се посочува во роковникот на ДИК.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.

Би можело да ве интересира

За Пиво Фест, се подобрува соработката меѓу угостителите и полицијата

Божиќен ручек по традиционален 18 ти пат во Прилеп

Пела Редакција

Здружението „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ Прилеп ќе промовира прирачник за машко здравје

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе