11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За поголема заштита и безбедност на новинарите потребно е подобрување на националната легислатива

Tематска дискусија со клучни чинител(к)и од медиумската индустрија, претставници/чки од релевантни јавни институции, граѓански организации, и меѓународни партнери во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа, “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ се одржа денеска во Скопје. Беа разгледани најновите случувања кои се однесуваат на заштитата и безбедноста на новинар(к)ите и идните активности, со посебен фокус на Стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs) .

Заштита на слободата на изразување, безбедност на новинарите и менување на менталитетот на функционерите кои поднесуваат тужби против новинари беа дел од препораките од тематската дискусија „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“. Една од главните точки на дискусијата беа стратешките тужби против учество на јавноста, кои функционерите најчесто ги користат да вршат притисок врз новинарите. Според учесниците, подобрувањето на националната легислатива треба да даде мерки против овие тужби.

Слободата на изразување и заштитата на новинар(к)ите се носечки столбови на секое демократско општество. Преку поддржување на овие принципи се креира енергичен и разновиден медиумски сектор, што е клучно за информиран јавен дискурс. Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје е посветена на зачувување на слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите преку проектот во рамките на HFIII „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ ПРО-ФРЕКС. Заедно работиме на заштита на правата на новинар(к)ите со што тие ќе можат да продолжат да ја вршат нивната суштинска улога за демократијата“, рече Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје

Во изјава за медиуми пред дискусијата, Алина Татаренко, раководителка на Оддел за соработка и градење капацитети на тема слобода на изразување при Советот на Европа, ја нагласи важноста на слободата на израз и на безбедноста на новинарите, бидејќи, како што рече, тие се еден од најважните принципи за демократија:

Новинар(к)ите и медиумските професионалци/ки мора да уживаат целосна правна заштита, согласно наведеното во Принципите на демократијата усвоени во Рејкјавик и членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Преку денешната дискусија, сакаме да ја подигнеме свеста за предизвиците со кои се соочуваат новинар(к)ите и да за залагаме за имплементација на европските стандарди на национално ниво. Кампањата „Новинар(к)ите се важни“ (“Journalists Matter”) и последната усвоена Препорака од Комитетот на министри за SLAPPs, ја потенцираат посветеноста на Советот на Европа на слободата на медиумите“, посочи Татаренко.

Во своето обраќање, Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија посочи дека правните битки со кои се соочуваат новинар(к)ите во државава се во пораст.

Истите не се однесуваат на барањето на правдата туку се користат како алатки за заплашување и ментално и финансиско истоштување на новинар(к)ите. Ваквите тужби, познати како SLAPPs сериозно нè загрижуваат. Наша цел е зајакнување на побезбедно опкружување за новинарството, каде говорењето на вистината пред моќниците не значи казна туку заштита, со што ќе се осугураме дека стравот од правни последици не води до самоцензурирање“, рече Секуловски.

Последните измени на Кривичниот законик на Република Северна Македонија се сметаат за позитивен чекор напред кон подобра заштита на новинар(к)ите, така  што обвинителството добива право да покрене кривична постапка во нивно име, со што ќе ги ослободи од товарот за поведување приватна кривична постапка. Но и понатаму постојат предизвици, посебно со порастот на SLAPP тужбите во граѓанските постапки. Истите вообичаено ги покренуваат политичар(к)ите, бизнис магнатите, и јавните личности, и служат за задушување на новинарството преку финансиски и правни притисоци. SLAPP тужбите не само што ја девалвираат новинарската работа, туку и претставуваат ризик од цензурирање клучни јавни информации, со што се повредува правото на граѓан(к)ите да бидат информирани.

Имплементацијата на европските препораки и стандари на локално ниво беше исто така тема на дискусија, па учесниците/чките се фокусираа на иницијативата да се воведе Национален акциски план за заштита и безбедност на новинар(к)ите, истовремено истакнувајќи ја важноста од зајакнато партнерство со граѓанското општество со цел унапредување на слободата на изразување и слободата на медиумите.

На тематската дискусија се потенцираше и Кампањата на Советот на Европа за безбедност на новинар(к)ите, иницијатива која има за цел да ја промовира слободата на медиумите и заштитата на новинар(к)ите од насилство, закани и вознемирување при извршување на нивните обврски.

Настанот беше организиран во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ ПРО-ФРЕКС, дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“, а во соработка со Здружението на новинарите на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА) Снежно Крушево полно со туристи, проодни улици во градот и селата

Гордана Цветаноска

Како измина 2018 та година, кои се очекувањата за новата година?

Гордана Цветаноска

Нема да се гради сообрајќаен кружен тек кај Табана- ќе има нова градинка за деца од предшколска возраст

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе