20.7 C
Прилеп
недела, 4 мај, 2025
Пела Радио

Претседателски избори 2024: од полноќ изборен молк за првиот круг

За седуммината кандидати за Претседател денеска е последниот ден за претставување пред граѓаните пред изборниот молк кој што настапува денеска од полноќ и ќе трае до затворање на гласачките кутии на 24 април во 19 часот.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска ќе биде на средби и митинзи со граѓаните на Лозово, Карбинци, Пробиштип и на Штип.

Кандидатот Максим Димитриевски поддржан од движењето „Знам за наша Македонија“ денеска попладнево ќе оствари средба со граѓаните на Радовиш, Василево, Ново село и Босилово. Централниот митинг на кандидатот за претседател Димитриевски ќе одржи во Струмица во големиот градски парк пред споменикот на револуцијата со почеток од 19 и 30 часот.

Граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски, подржан од кослицијата ,, За европска Македонија “, предводена од СДСМ, ќе има средба со жителите на Демир Хисар и митинзи во Ресен и Битола.

Билјана Ванковска од Левица поддршката ќе ја бара во Кичево и во Гостивар.

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски ќе има средби со граѓани од Ѓорче Петров и од село Волково.

Претендентот Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ вечер ќе има митинг во Скопје пред Скендербег. Со агенда за презентирање на програмата продолжува и кандидатот од ДУИ и коалицијата Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат протестите и блокадите на жителите на Оревоец – власта глува на нивните барања

Пела Редакција

Ќе се формира здружение „За наш Прилеп” по примерот „За наше Куманово“

Елизабета Филипоска

Ќе се реши ли проблемот со водоснабдувањето во населеното место Канатларци?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе