30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во судир со мопеди почина 13 годишник од Лажани

Во Полициската станица Прилеп вчера, на 02.05.2025 година во 08.50 часот било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка  „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани. Во несреќата од здобиените повреди починал 13 годишниот малолетник при што смртта била констатирaна од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животозагрозувачка состојба. Извршен бил увид од надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Завршна конференција во Рим на проектот Европско движење на експерти за ран детски развој

На пругата пред Велес се запали локомотива, а железничкиот сообраќај беше во прекин

Пела Редакција

Вербална расправија во Точила, сосетката ѝ го натепала синот, а таа пријавила во полиција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе