2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Автобуската станица Прилеп започна превоз на патници со електрични мини буси

За прв пат во Македонија, од денеска, започна слободен меѓуградски превоз на патници со две возила – електрични минибуси од Автобуската станица Прилеп до Битола во двата правца во соработка со Туристичката агенција Пелагонија Травел Прилеп. Наизглед нема разлика од останатите конвенционални мини автобуси, но во суштина не е така. Овие електрични автобуси се еколошки, нечујни, комфорни, економични и рентабилни за превоз на патници.

 

„Цените на превозот се конкурентни на пазарот, а предностите на овие електрични транспортни возила се неколкукратни пред конвенционалните. Секој успех и развој на една компанија мора да се базира на технолошкиот развој покрај кадровскиот, бидејќи токму технолошкиот развој е еден од најважните елементи,“ вели Борче Чупетрески од Автобуската станица Прилеп. Капацитетот на електричниот мини бус е 15 патници. Автобуската карта во еден правец чини 200 денари, повратна карта е 300 денари, а може да се набави и годишна карта од 6 000 денари за користење на меѓуградскиот превоз  во неограничен број пати:

Поради економската исплатливост и заради поевтината цена на електричната енергија бидејќи поседуваме сопствена фотонапонска централа, калкулациите покажуваат дека возилата на овој погон се многу поекономични, порентабилни и нивниот коефициент на исплатливост е многу побрз од колку на дизел моторите. Од друга страна нивното одржување е многу помало, нема потреба од редовните сервиси кои што ги имаат бензинските или дизел моторите, така што математиката покажува дека ова возило е многу поисплатливо и економски рентабилно, што е основно правило во бизнисот.

Превозот на патници со електрични мини автобуси е иднината во сообраќајот и транспортот. Според европската регулатива до 2035 година се укинува производството на сите дизелски или ото мотори, а правецот на движење на новата автомобилска индустрија е електро погонот. Од таа причина, следејќи ги тие информации и чекори ја следиме иднината, како што сме иновативни и во други работи, така и во овој правец решивме да инвестираме во вакви електрични мини автобуси кои што се 100% на електричен погон, рече Чупетрески.

Целта е компанијата да обезбеди поширока мрежа за батериско надолнување со електрична  енергија на овие мини автобуси, со што транспортот би се одвивал и на подолги релации.

„Вториот чекор кој што ќе го преземеме е поставувањето на електрични полначи на територијата на Република Македонија на повеќе места за да можеме да обезбедиме проширување на овој бизнис не само од наша страна, туку и за сите оние компании кои што имаат потреба и кои што работат со линискиот превоз за да ги осетат бенефитите на електричниот погон на возилата. Во тој правец први наши чекори е поставување на таков полнач во Охрид за да можеме да функционираме беспрекорно, без никаков застој за линијата за Охрид. Моментално имаме во Скопје, таа линија е функционална и за брзо време објавена во соработка со нашиот партнер кои што веќе имаат линиски превоз, а понатаму и источниот дел на Македонија, Штип, Кочани, а Гевгелија веќе поседува таков полнач,“ вели Чупетрески.

Поставувањето на мрежа со брзи полначи за надополнување со електрична енергија на мини бусите за меѓуградски превоз ќе биде користена и за патнички возила.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп: Регистриран уште еден нов случај на заразен од Ковид 19

Гордана Цветаноска

Прилеп го чествува патрон празникот на градот – свечена божествена литургија во црквата Свето Благовештение (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ учествуваше во Erasmus+ проект „Next level of education“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе