3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Избори 2024 Прилеп: Голема победа на Силјановска, пријатно изненадување Максим

По затворањето на избирачките кутии ноќта беше долга за многумина. Во центарот на Прилеп се славеше убедливата победа на Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат ВМРО ДПМНЕ со освоени 18 085 гласови или 51,36 %, наспроти Стево Пендаровски со освоени 9 668 гласови или 27,45% .

Она што за некои беше можеби очекувано, а за други големо изненадување се резултатите на СДСМ во Прилеп, според кои оваа партија е во сериозен проблем.  Анализата покажува дека поддршката за оваа партија последниве 2 изборни циклуси се намалува и падна под 10 000 гласа, а  од последните локални избори (2021 г) е помалку за 6 илјади гласови.

Иако сите се победници бидејќи изборниот ден помина мирно, без инциденти, место за славење имаше и во партискиот штаб на Движењето Знам за наша Македонија за резултатите остварени на Максим Димитриевски. Новата политичка иницијатива во Прилеп на контото на Димитриевски изброја 3 586 гласови  или 10,18 %, што според податоците на ДИК ја стави на трето место во Прилеп за избор на шеф на државата.

Очекувани резултати оствари кандидатката Билјана Ванковска поддржана од Левица со 2 190 гласови или 6,22 %, чија што партија за прв пат има свој кандидат на  претседателски избори во Македонија.

Додека на четврто место според бројот на гласови е Стевчо Јакимовски со освоени 224 гласови, а останатите двајца кандидати Бујар Османи и Арбен Таравари освоија вкупно 167 гласови.

Во соседните општини Могила се издвојува со една од најголемите победи на кандидатската за претседател Гордана Силјаноска Давкова со 63,42% наспроти 24,38%, за Пендаровски, и трето место на Димитривски со 5,97 %  од вкупните гласови.

Општина Новаци резултатите се слични со победа на Силјаноска Давкова од 61,95% наспроти Пендаровски со 26,86%, и трето место за Димитриевски со 6 %.

Општина Крушево во регионот и во Македонија се издвојува со победата на Пендаровски (40,46% од вкупните гласови), како една од двете општини во Македонија каде претседателскиот кандидат на СДСМ освои мнозинство гласови над Силјановска Давкова (35,51%). Крушевчани одлучија со 587 гласови да го поддржат Бујар Османи, според кои тој е на третото место од седуммината кандидати.

Општина Долнени одлучи својата најголема поддршка да ја даде за Бујар Османи со 32,92 %, наспроти Арбен Таравари со 23,61 %, а на трето место е Гордана Силјановска Давкова со 22,49 % освоени гласови.

Општина Кривогаштани состојба е слична како и Прилеп: најголема доверба граѓаните и дадоа на Гордана Силјановска Давкова со 1 558 гласови, на второ место е Стево Пендаровски со 1 031 глас и Максим Димитриевски со 181 глас.

Изборните резултати од 24 ти април на првиот круг претседателски избори 2024 доправа ќе се анализираат. Прашање е како тие ќе се одразат врз вториот круг претседателски избори и гласањето за парламентарните избори закажани за 8 мај. Се’ е можно и се’ е во игра во политиката.

Едно е јасно и овој пат Македонија гласаше за промени, какви ќе бидат тие ќе дознаеме за помалку од две седмици.  

Би можело да ве интересира

Прилепските млади поети меѓу најдобрите на Балканот

Гордана Цветаноска

И ЈП за ПУП се закани со кривични пријави за наводни манипулации со јавноста од опозицијата при набавката на новите автобуси

Гордана Цветаноска

Незадоволството од проценката, тутунарите да го пријавуваат кај поверениците и инспекторатот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе