18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

ЈКП Водовод и канализација Прилеп: Нов режим за водоснабдување во Галичани и Кадино

ЈКП“ Водовод и канализација“ Прилеп информира за водоснабдувањето во две населени места Галичани и Кадино село дека е воведен нов режим на работа поради санација на бунарската пумпа во Галичани. Враќањето на стариот, нормален режим, ќе се востанови по санацијата, посочуваат во соопштението:

„Известување до граѓаните од н.м. Галичани и н.м.Кадино Село!!!

ЈКП“ Водовод и канализација“- Прилеп ги известува граѓаните од н.м. Галичани и н.м.Кадино Село дека поради дефект кој настан на бунарската пумпа во н.м Галичани се воведе нов режим на работа на водоснабдувањето во овие две населени места. За да се обезбеди континуирано водоснабдување во овие две населени места пуштена е во употреба бунарската пумпа во населено место Кадино Село и инсталирана е нова опрема за хлорирање на истата, се со цел граѓаните на овие две населени места да имаат технички исправна вода за пиење. Овај режим на водоснабдување останува се до санција на дефектот на бунарската пумпа во н.м Галичани , каде екипите на ЈКП Водовод и канализација Прилеп работат на санирање на дефектот и што е можно побрзо враќање во употреба на бунарската пумпа во н.м Галичани,“ посочуваат во известувањето од ЈКП Водовод и Канализација Прилеп.

Би можело да ве интересира

Продолжува соработката помеѓу АЛДА и Општина Новаци на тема : „Алатки за локална демократија“

Елизабета Филипоска

Две фирми купиле седум парцели градежно земјиште на скијачките терени Станич во Крушево

Елизабета Филипоска

Постхумно промовирана книгата „Чест и вест“ од бардот на македонското новинарство Тачко Локвенец

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе