5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Николоски од Прилеп повика на масовна излезност на изборите – „за да воведеме функционална правна држава и да го исчистиме криминалот и корупцијата“

Од мини митингот во Прилеп , Александар Николоски, носител во изборната единица четири  истакна дека основата на порака на ВМРО ДПМНЕ е тоа дека нас ни е потребна масовна референдумска излезност на изборите на осми мај со цел она што се ветува да биде реализирано, со цел во Македонија да се воведе функционална правна држава, да се исчисти криминалот и корупцијата, “ДУИ да оди во опозиција и Македонија економски да се развива“ рече тој од Прилеп.

„ За да може да се менува државата, потребно е двата клучни партнери во собранието да одат во опозиција. Не може да се менува државата со старите партнери, не може да се менува државата со истите кадри, потребна е промена, а за таа промена шансата ја бараме од вас и сите што ги познавате да поразговарате и она што го очекуваме е масовна референдумска излезност на осми мај. Планираме многу убави работи и за Прилеп и целиот пелагониски регион“, вели Николоски.

Тој додаде дека планираат сериозни инвестициски проекти за Прилеп и дека општината ќе добива пари секоја година од владата за реализирање на сите проекти.

„Планираме сериозни инфраструктурни поврзувања на градот и целиот пелагониски регион“, истакна  Николоски од Прилеп

Николоски наведе дека првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направат е автопатско решение од Прилеп до Битола и до граница со Грција, односно Меџитлија, втората работа што ќе се спроведе е конечно завршување на експресниот пат од Прилеп- Градско и третата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи, рече тој, е спојување на Прилеп и Битола да тие функционираат како една целина.

Покрај ова, Николоски посочи дека се планира и обиколница кај Прилеп, за тешките товарни возила да не поминуваат низ градот за да се заштити инфраструктурата. А ,пред Прилепчани вети дека ќе се стави точка и на тенденцијата на создавање  град-држава, а тоа е Скопје.

Би можело да ве интересира

Едно одделние деветтолетка во целосна изолација поради ковид

Елизабета Филипоска

Трибина на тутунарите во Демир Хисар, сеуште нема решенија за проблемите

Патот на помирување меѓу Герамнија и Франција пример за мир меѓу земјите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе