13.9 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Сиљановска му се заблагодари на Димитриевски, тоа е поттикнувачки чекор

Му благодарам на претеседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка во вториот круг, напиша на Твитер кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска -Давкова, по изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори.

„Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“, напиша Сиљановска на Твитер. Димитриевски вчера изјави дека ќе гласа на претседателските избори и дека нема да го чкртне ливчето. „Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски“, рече лидерот на ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Како да се зачуваaт прилепските „златни белегзии“?!

Гордана Цветаноска

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Повисоки сметки за вода во градовите со пречистителни станици.Прилеп е еден од нив!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе