2.1 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Кузманоска: Предучилишното образование ќе стане дел од образовниот систем

Билјана Кузманоска, кандидатка за пратеник за ИЕ4 од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ

 

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во своето работење, особено внимание ќе посвети на образованието, затоа што квалитетното образование е најголема инвестиција во иднината на Република Македонија. Во нашата програма предвидуваме предучилишното образование да стане потсистем на образовниот систем бидејќи има значајно влијание врз развојот на децата и нивната подготовка за основно образование.
Ќе воведеме настава во една смена и продолжен престој за сите ученици. Недостатокот на учебници претставува голем проблем па токму затоа се обврзуваме во учебната 2025/2026 година, секој ученик да има учебник по секој предмет, како во основното, така и во средното образование.
Ќе направиме целосна ревизија на концепцијата за основно образование. Преку јавна расправа со наставниците, родителите и директорите во сите региони ќе извршиме целосна ревизија на концептот, така што особен акцент ќе се стави на предметите од национално значење како македонскиот јазик, историја, географија, музичката и ликовната уметност, а ќе посветиме особено внимание и на дигиталната писменост кај младите.
. Ќе инвестираме и во училиштата и во студентските домови.
Ова се само мал дел од многуте проекти во образованието кои ги нуди програмата насловена како Платформа 1198. Затоа ве повикувам на 8-ми мај, да дадете масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за листата на пратеници, како и број 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова, која ќе биде идниот претседател на Република Македонија. Излезете во што е можно поголем број и гласајте за промени, гласајте за Македонија да биде повторно горда.

Би можело да ве интересира

Прва самостојна ликовна изложба на Елена Чагороска „Од мојата ризница-со љубов“

Кандидатите за градоначалници на Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Гордана Цветаноска

Прилеп, во спомен на Карпалак, 17 години подоцна…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе