0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Мицкоски од Прилеп: Ве повикувам сите да излезете на изборите за да не не уценуваат!

Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Прилеп го одржа завршниот митинг од изборната кампања. „Во предвечерието сме на финалната одлука дали Македонија ќе му ја вратиме на народот или ќе остане заробена,“ рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ја отфрлиме апатијата и цинизмот и наместо тоа да ја прифатиме моќта на нашиот колективен глас да донесе значајни промени. Заедно надминавме безброј предизвици, преживеавме бури и напредувавме со непоколеблива решителност. И сега, додека стоиме на прагот на новото поглавје во приказната на нашата нација, да го искористиме овој момент со храброст и со одлучност. Пријатели, браќа и сестри, Нашата победа е на дофат. Но, не е доволно само да веруваме во подобро утре. Мора да дејствуваме. Мора да се мобилизираме. Мора да гласаме. За да немаат можност да нѐ уценуваат никогаш повеќе! Ве повикувам да излезете на избори со гордост и со одлучност“, порача Мицкоски.

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова рече дека ќе биде претседател на сите граѓани.

-Сите ние да направиме заеднички исчекор, нов АСНОМ, четвртиот Илинден. Во овие 30 години, особено во овие мачни седум години се изнагледавме чудни нешта. На 8 мај да ја повториме лекцијата од 24 април. Народот легитимира и делегитимира. Да поставиме темел за горда Македонија. На 9 мај ќе почне нова демократска историја и не дозволувајте оние кои повикуваат на бојкот да го суспендираат вашето право на глас на избор.

Возљубен народе, на 8-ми мај мора да ја повторите лекцијата од 24-ти април. Да научат како се однесува народот. На овие избори се случува чудо, не доаѓаат само реки од народ од Македонија, туку и нашите Македонци од странство. На младите им порачувам, не бегајте од Македонија, не одете си! На 9 мај ќе почне нова демократска македонска историја! Ќе имаме нова одговорна власт! Немојте да дозволите оние кои повикуваат на бојкот да ви го суспендираат избирачкото право. Тоа е ваше! Излезете и гласајте! Така ставате камче во новиот темел на демократска Македонија, рече Давкова.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп стартуваше проектот “Денови на Свети Климент Охридски”(ФОТО)

Никола Димески

Поевтинуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство

Донација до Црвениот крст од компанијата Комфи Ангел

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе