0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Двојните избори, парламентарни и претседатеслки,  започнуваат од денеска. Денеска своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, затворениците во казено-поправните домови во државата и штитениците во Домовите за стари лица. Од Државната изборна комисија (ДИК)  информираа дека за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица.

Освен изнемоштените и затворениците, денеска своето право на глас ќе го остварат и пријавените македонски државјани од дијаспората, но единствено за претседателските избори. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени.

На овие парламентарни избори поднесени се 17 кандидатски листи, за парламентарните избори од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествува 61 партија. Од нив, 11 самостојно, а 50 во пет коалиции.

Македонските гласачи го бираат и претседателот на државата меѓу двајцата кои влегоа во втор круг, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи.

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8-ми мај, акредитирани се вкупно 1.999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1.078.

Би можело да ве интересира

Кој ќе раководи со ФК Победа ?!

Гордана Цветаноска

Непотизам и партиски вработувања – денешна тема на прилепскaтa политички сцена

Елизабета Филипоска

Во ЈКП Комуналец Прилеп обвинувања за криминал на претходниот директор

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе