13.3 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Со почит кон борците – херои Прилеп го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Прилеп го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, со оддавање почит и полагање цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата каде се наоѓаат посмртните останки и се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, учесници во борбата против фашимот и НОБ на Македонија.

Букет цвеќе во знак на почит на прилепските борци и херои кои ги дале своите животи во антифашистичката војна положија: претставници на Општина Прилеп, Советот на Оптина Прилеп, Сојузот на борци и  здруженија на граѓани.  На одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа присуствуваше и делегација на Амбасада на Руската Федерација, која положи цвеќе на Могилата каде се наоѓаат останки од руски војник кој загинал борејќи се во македонските партизански одреди во Втората светска војна, против фашизмот.

На 9 мај 1945 година, официјално беше ставен крај на Втората светска војна, со потпишување на безусловна капитулација на нацистичка Германија, во која учествуваа 61 земја и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

 

Би можело да ве интересира

Манастирот Трескавец конечно добива водовод, за пречистителна станица ќе се почека…

Прилеп одбележува 77 години од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски Питу

Гордана Цветаноска

Eден нов случај на коронавирус – од почетокот на пандемијата 337 заболени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе