На дневниот ред на 43 – та Седница на Советот на Општина Прилеп се најдоа неколку точки, но сите беа експедитивно усвоени, без дискусија на советниците од опозицијата и со присуство на 21 советник, од вкупно 27. Три точки од дневниот ред беа отстранети на стартот на седницата, а останатите, како предлог-кварталениот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за првиот квартал од 2024 година, тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец”-Прилеп, за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година, Годишната сметка и извештајот за работењето на Јавното претпријатие за енергетика ЕНЕРГО ПРИЛЕП-Прилеп, за 2023 година, кое што моментно нема директор, беа усвоени од мнозинството советници, со возджаност на советниците од редовите на опозицијата.
Советниците на оваа 43-та седница дадоа согласност и на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година и согласност за одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на директорот и вработените во ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп.
Експедитивно беше прифатен и предлог-одлуката за донесување на Детален Урбанистички План за блок 5.4.9 утврден со регулациски план за ГУП на Град Прилеп за четврт 5, блок 5.4, Општина Прилеп, плански период 2022-2027, и за 20 тина минути, без многу натегања и оспорувања, заврши 43 та Седница на Советот на Општина Прилеп, на која претседаваше претседателот на Советот Дејан Проданоски, кој во иднина преминува во пратеник во Собранитео на Република Македонија, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, по завршување на парламенарните избори 2024 година.
А, кој ќе биде идниот Претседател на Совет на Општина Прилеп, останува одлуката да се донесе на следната Седница на Совет на Општина Прилеп.