15.3 C
Прилеп
недела, 20 април, 2025
Пела Радио

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Во интерес на безбедноста на сите граѓани, а посебно за безбедно прославување на матурските и полуматурските вечери, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите учесници во сообраќајот, а посебно матурантите кои имаат стекнато право за управување со моторно возило, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на неконсумирање на алкохол доколку се управува возило и приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот; да не се управуваат моторни возила без претходно положен возачки испит. Покрај ова, СВР Битола посебно внимание обрнува на јавниот ред и мир за време на прославите, при што се препорачува да се избегнува учество, предизвикување или поттикнување друго лице на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.
Воедно, предупредуваме дека не е дозволена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства, а до сопствениците и вработените во угостителските објекти апелираме да се придржуваат кон пропишаните законски одредби, како што се: да не се дозволи нарушување на јавниот ред и мир во објектот (тепачки, физички напади, гласна музика, оддавање на пијанство и точење алкохол на лица кои се под дејство на алкохол и сл.), да не се дозволува присуство на малолетници после 24 часот или точење на алкохол на малолетници и сл., а советуваме навремено пријавување на секој настан на телефонскиот број 112 или 192.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Прилепчани добиваат најмодерен ИКТ Центар и улица

Научна академија за Георгија Кастриот – Искендер

Гордана Цветаноска

Стојчевска: за 2024 година одделивме средства од буџетот за нов театар во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе