Без многу пишувања и објаснувања Победа те повикува за спас!Биди и ти дел во Ѓорче.Ѓорче Петров – Скопје.Собир 13ч – Реклами.Организиран превоз.
Ова е повикот од навивачите во пресрет на најважниот натпревар сезонава за Победа.Епилог од кој зависи иднината на црвено белите во наредниот период.Сабота е денот кога љубителите на најфудбалскиот град во земјава ќе треба да ја дадат и најголемата подршка на оваа Победа која без разлика на “СЕ” e клубот со голема традиција.

– Од сите екипи за нас најнепосакуван противник беше Победа, затоа што е со второлигашко искуство. Подруго темпо се игра на натпреварите во Втората лига. Се надевавме да ни падне некој третолигаш, од нашиот третолигашки ранг. Секако дека Победа е фаворит – вели Даниел Стојановски тренерот на Куманово.

Мечот Победа – Куманово се игра во сабота од 17часот- (Ѓорче Петров- Скопје).Во другите два бараж дуели се среќаваат: Борец – Влазерими (Битола), Вардарски – Кораби (Маџари – Скопје)