0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Во организација на Здржението „Креативни концепти“, со поддшка на Институтот за Старословенска култура Прилеп, се одржа свечена академија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ – „Параклис“ во Прилеп. Светите браќа Кирил и Методиј се најзаслужните рамноапостоли кои во 9 век го просветиле словенскиот род, почнувајќи со јазикот на Словените од Солун и солунско, а кој што речиси три века бил старо-словенскиот или старо-македонскиот, односно македонскиот јазик и кој всушност е основата на сите словенски јазици, меѓу другото истакна митрополитот г.Петар на свечената академија. Токму Кирил и Методиј биле оние кои што на православниот свет му ја предале и нашата православна вера, изворно и чисто, точно според Христовото учење:

  „И тогаш, а и ден-денес ние се потпираме на нивното дело, бидејќи ги превеле Светите книги, Светото писмо на македонски, старо-макeдонски јазик и секако дека и богослужбените книги се преведени исто така, подоцна, од нивните свети ученици Климент и Наум Охридски – Чудотворци. Ние сме сведоци дека денес многу институции, просветни, образовни и воспитни  го носат нивното име, но не го проповедаат нивното дело онака како што тие го проповедале, туку само формално се споменува нивното име,“ рече митрополитот г. Петар.

На денешното чествување учествуваа и ученици од основните и средните училишта со  свои литературни и ликовни творби  мотивирани од ликот и делото на светите Кирил и Методиј. Воедно, тие учеа за значењето на сесловенската писменост, но и за православието.

„Целта на овој проект е младината повторно да ја вратиме во црквите, односно да ги научиме дека црквите всушност не се само место за молитва, но се исто така и дом, како дом Божји, така и дом нивни, и место каде што можат да ги споделуваат своите знаења, место каде што можат да проучуваат нешто повеќе“, – истакна штец Андреј Иваноски.

„Ликовната работилница претставува запознавање на децата со еден начин на сликање на икони кој се практикувал во византискиот период во нашата држава Македонија и воопшто“, – рече Александар Џинго, професор и ментор.

„Ние ги цртавме светите Кирил и Методиј, нивните дела кои ги правеле низ животот. Беше захтевно, но  со дружба, се’ постигнавме. Интересен проект, интересна Работилнца“– вели Матеја Миленкоска, ученичка.

 

Би можело да ве интересира

Прилепските и долненските тутунари протестираа

Гордана Цветаноска

За земјоделците дополнителни 900 милиони денари

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп ќе обезбеди помош за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе