5.1 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“ – ТРАДИЦИЈА ЗА ПОЧИТ (ГАЛЕРИЈА)

Манифестација рекреативна тура „Сите на велосипед“- 2024 во Прилеп традиционално по 17 ти пат се одржа денеска во организација на Велосипедскиот клуб „Илинден“ со поддршка на Локалната самоуправа како покровител  Сојузот на училишен спорт. Прилеп е град на велосипедите и покрај тоа што нема соодветна инфраструктура, па така на денеска учество зедоа неколку стотини деца и возрасни. Најмлад учесник беше шестгодишниот Даријан Ристески, а најстар учесник 81 годишниот Кирил Савески кои добија пригодни статуетки од организаторите. 

„Ми претставува огромно задоволство што денес имаше голем број љубители на велосипедизмот и на спортот воопшто. Возењето на велосипед пред се’ го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакам да апелирам до сите наши сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина, “ посочи Борче Јовчески градоначалник на Општина Прилеп, при тоа потсети дека наскоро Општина Прилеп ќе го распиши Јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди за граѓаните на општина Прилеп.
Стартот беше точно на пладне 12 часот , а патеката и годинава беше иста како и претходно Прилеп – ОУ „Страшо Пинџур“ Мало Коњари – Прилеп. Организаторите се потрудија да обезбедат награди за најмладиот и најстариот учесник.

Би можело да ве интересира

Прилепчани се повозија со првиот електричен автобус

Елизабета Филипоска

Советниците одлучија Горан Колонџоски да биде новиот командир на ПС од ОН-Прилеп

Пела Редакција

Интервју со Гоце Макалоски, Претседател на „Локален спортски сојуз – Прилеп“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе