30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Дневен Ковид биланс – Прилеп руши рекорди

Денеска во општина Прилеп има 38 нови случаи на коронавирус, а 13 лица оздравеле од заразната болест, информираат од Центарот за јавно здравје Прилеп.

Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 75 и 78-годишна возраст;

Бројот на активни случаи изнесува 237, од кои 201 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 594 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 973.  

Поради зголемениот број на случаи на коронавирус во општината, градоначалникот Илија Јованоски за утре, четврток, во 11:00 часот закажа седница на Општинскиот кризен штаб.

Би можело да ве интересира

ЈКП Комуналец: Март го посветуваме на зелен и чист Прилеп

(фото) Снег на планините, во котлините кокичиња

(ВИДЕО)Земјоделците ги очекува уште една тешка година, треба навреме да го заштитат производството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе