7.5 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

МТФ „Војдан Чернодрински“ 58. издание – ова е програмата

Програмата за 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп, под мотото „Промени се, промени сè“, денеска е официјално објавена.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 7 јуни (петок) со изложбата „Горан Стефановски и книгите“ во Градската библиотека „Борка Талески“ со почеток во 19 часот, а веднаш потоа ќе следи премиерата на драмата „Хеда Габлер“ во изведба на Драмски театар – Скопје.

Годинешната програмата „Ново читање“ именувана од уметничкиот директор Ана Стојаноска, опфаќа две потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.

За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани неколку работилници и промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Билетите за сите претстави ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 1 јуни.

Би можело да ве интересира

Хуманоста на дело – Крводарителска акција во прилепскиот затвор (фото)

Стопанската комора на трговци: Штета наместо корист ќе донесат владините мерки за ограничување на маржите

Пела Редакција

Светски куп во летање со дронови на стадионот кај Могилата на непобедените

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе