4 C
Прилеп
понеделник, 27 јануари, 2025
Пела Радио

„Полска полица“ во Градската библиотека во Прилеп

Градската библиотека „Борка Талески“ и официјално стана дел од проектот „Полска полица, книги од полски автори на полиците на македонските библиотеки“.  Денеска градоначалникот Борче Јовчески и делегација од амбасадата на Република Полска,  предводена од Н.Е. амбасадорот Кшиштоф Гжелчик, ја посетија библиотеката при што беше предадена донација која брои 50 наслови со дела од реномирани полски автори преведени на македонски јазик. Градоначалникот Борче Јовчески при тоа посочи дека  проектот е промоција и афирмација на полската литература меѓу нашите читатели.
„Прилеп ќе продолжи да докажува дека како град на културата, од секогаш знаел да ги цени и почитува културните вредности на другите народи кои создаваат взаемна конекција со останатите култури и со уметноста.  На средбата имав прилика да го запознаам почитуваниот Амбасадор за актуелната ситуација во нашата општина и за можностите со кои располагаме, за нашите природни богатства за туристичките и стопанските потенцијали кои ги нудиме како општина Прилеп и за тоа каде би можеле да ја насочиме нашата идна соработка,“ рече Јовчески информирајќи дека Општина Прилеп има одлука за збратимување со полската општина Радом, што е можност за продлабочување за искрена и пријателска соработка и заеднички проекти.
Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп беше отворена и поставката на фотографии од полски книжевници-добитници на Нобелова награда за литература, како и избор дела од збирката книги од полски автори, која е дел од библиотечниот фонд на установата.

Би можело да ве интересира

Поголем дел од листите за пратеници потврдени од ДИК

Пела Редакција

(ВИДЕО)Антикорупциски караван во Прилеп – за граѓаните да земат директно учество во борбата против корупција

Пела Редакција

Во ООУ „Гоце Делчев“ отворена прва сензорна соба во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе