-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Обуки за градење здрави навики за исхрана во прилепските детски градинки

Персоналот од ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп на 28-29 мај, околу 150 вработени негувателки, воспитувачки, вработени во кујна и администрација, учествуваа на работилница за промовирање здрава и одржлива исхрана за децата од предучилишна возраст. Активноста е резултат на соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ, Едуленд и Здружението за одржлив просперитет „Арете“, кои заеднички работеа на развивање модули за нутриционистичка педагогија во рамките на проектот „Градење здрави навики за исхрана кај децата од предучилишна возраст“. Работилница ја отвори градоначалникот Борче Јовчески во име на Општина Прилеп како општина – партнер, при што ја истакна важноста од промоцијата на здравата храна за децата од предучилишната возраст.

Станува збор за петгодишен проект финансиран од програмата на ЕУ Хоризонт Европа и координиран од Универзитетот Хајделберг. Проектот вклучува 35 партнери од 15 европски земји и има за цел да одговори на итни предизвици со кои се соочуваат европските граѓани во пристапот до хранлива и здрава храна. Преку мрежа на лаборатории – Living Labs, вклучувајќи општини (меѓу кои и општина Прилеп) FEAST се обидува да поттикне позитивни промени низ синџирот на вредност на храната преку обуки кои се е клучни во реализацијата на проектот.
Целта е градењето здрави и одржливи системи за исхрана преку зајакнување на знаењата и вештините на персоналот во градинките за поттикнување здрави навики во исхраната кај децата.

Би можело да ве интересира

„УБАВИНА УЛОВЕНА ПРЕД ДА ИСЧЕЗНЕ“,ретроспективна фото-документарна изложба за промоција на Македонија

Македонската рурална жена е сеуште дескриминирана без право на породилно отсуство и боледување

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп го осудува насилството и бара МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе