0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Кои се 10 прилепски компании кои оствариле најголем профит во 2023 година?!

АД Мермерен Комбинат е неприкосновен на врвот по најголем остварен профит во 2023 со екплоатација на руда ( 13 .823 000 евра)

Тутунски комбинат е акционерско друштво во државна сопственост, но работи во партнерство со Филип Морис и во последните две години тоа му носи позитивни резултати е на второто место. Остваренaта добивка е најверојатно како рeзултат на дивидендата со заедничката фирма Филип Морис.  (2.702 000 евра)

Гентерм, од слободната зона Алинци, каде се произведува електронска и електрична опрема за моторни возила, е на третото место и по неколку години стагнација, конечно излегува од кризата што глобалните текови ја зафатија авто индустријата (2.438 000 евра)

„Комфи Ангел‟ е македонско-британска компанија, чиј фронтмен е Ирена Јакимовска. Специјализирана е за производство на перници, јоргани, прекривки, заштитници за душеци, вреќи за спиење, постелнина во различни дезени и од различни материјали и главно извезува во десетици други земји. 2.295 000 (евра) .

Петте најуспешни е и АД Прилепска Пиварница (2.002 000 евра). Двајца акционери располагаат со по 36,32 отсто од акциите.

Крин-КГ од Беровци изработува плочи од мермер, кварцит, травертин и други материјали од камен. Компанијата поседува и рудници за гранит во Мариово. Доминантен сопственик е Христо Китаноски (1.600.000).

Витаминка остварила висока добивка што ова акционерско друштво си дозволи годинава да подели и девидента ( 1.123 000 евра) . Во 10 те компании кои оствариле профит во 2023 година  се уште Микросам на семејството Самак (953 000 евра), Кривогаштани-Промет за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук на Роберт и Горан Цуцулевски (823 000 евра), и печатницата Гинис, во  сопственичка структура на Хари Локвенец, екс  директор на Национални железници – Инфраструктура и поранешен пратеник. (803 000) пишува Фактор во својата Анализа

ПРЕЗЕМЕНО : http://www.faktor.mk

ЛИНК:https://faktor.mk/faktor-analiza-top-10-kompanii-od-prilep-so-najgolema-dobivka-mesto-ima-i-za-pechatnicata-na-hari-lokvenec

 

Би можело да ве интересира

Прилепските фирми се соочуваат со недостиг од работна сила

Гордана Цветаноска

Работат, а џебовите празни- работниците во Македонија примаат плата под минималецот

Тутунски Комбинат доби дивиденда од 2,4 милиони евра од заедничката компанија со Филип Морис

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе