17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Петровска, Филипче и Деспотовски се кандидираа за претседател на СДСМ

За претседател на СДСМ, денеска ги поднесоа кандидатурите за претстојните избори закажани за 30 јуни тројцанбкандидати: Венко Филипче, Славјанка Петровска и Јован Деспотовски.  И Филипче и Деспотовски и Петровска до партијата ги доставија своите програми за работа со кои ќе бараат доверба од членството. Деспотовски настапува со слоганот „Нов почеток, нов СДСМ“ додека слоганот на Филипче е „Нов СДСМ за нови победи“. Програмата пак на Петровска е насловена како „Манифест за социјалдемократијата“. Социјалдемократите својот претседател ќе го бираат на 30 јуни, а утре е крајниот рок за доставување на кандидатурите.

 

Би можело да ве интересира

Попушти мост на железничката линија кај Црна река – Од октомври не сообраќа возот Скопје-Солун

Гордана Цветаноска

Одбележувањето на двата историски Илиндена под посебни услови

Гордана Цветаноска

Пак пиротехника полицијата заплени во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе