30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Попушти мост на железничката линија кај Црна река – Од октомври не сообраќа возот Скопје-Солун

Меѓународниот патнички воз на релација Белград – Солун – Белград од октомври до 15 јуни следната година, нема да сообраќа.  И, покрај напорите на  Македонски железници-транспорт, по состанокот одржан во Белград, од „Србија воз” биле категорични дека оваа железничка линија им е неисплатлива да вози во текот на целата година.

Попуштил мост на железничката линија Велес-Гевгелија

Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од денеска ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукурeчани.

Како што соопштуваат од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен концерт на македонските фолк ѕвезди за Моника во Прилеп

Во Пелагонија: Крушево со највисока излезност, Могила со најниска

Детската желба од Миа се претвори во мала шумичка кај Селце

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе